Членовите на планинарскиот клуб “Мамути” од Прилеп направија нова сензација. Од 24-25 јуни експедиција од 24 членови на овој клуб се искачи на највисокиот врв на Пирин Планина во Пиринска Македонија и трет највисок врв на Балканот – Вихрен (2914м.) и на врвот голема Тодорка (2748м.).
Сите членови се искачија на два врвови, нема повредени и без никакви проблеми, а експедицијата преночи во планинарскиот дом “Жижа Вихрен”.
Ова е само еден од нивните храбри потези, а за во иднина имаат уште поголеми предизвици поставени пред нив.
Да се искачат два олку високи врвови во два дена, навистина претставува дело за пофалба и симнување капа пред нивната храброст и издржливот.
Особено е убаво да се виде македонското знаме развиорено на толкава голема висина.
Секоја чест!