Тажната сторија за семејството од село Долгаец во општина Долнени, ги обедини сите прилепчани.
Ова семејство, а особено малиот Александар кој е дел од него и единствено дете во селото ја разбуди свеста кај луѓето, па помошта почна да пристигнува од сите страни.
Целта е Александар да живее во топол дом и да има среќно и безгрижно детство како сите други деца.
Денеска на градскиот плоштад во Прилеп беше поставен и пункт каде се собираа пари и облека за семејството, при што се покажа дека прилепчани се великодушни и желни да помогнат.
Сепак, за да се успее во крајната цел, а тоа е да се изгради нов дом за ова семејство, потребно е многу повеќе.
Секој кој што е во можност може да донира на следната жиро сметка:
300027023021389 Комерцијална банка- Јован Ристески