Интернационалниот Гастрономски Фестивал во Истамбул е настан во организација на Федерацијата на готвачи од Турција која оваа година се одржа по 16-ти пат од 22 до 25 февруари во Тујап Конвенцискиот центар.
Фестивалот е наменет да ја доближи турската со светската кујна и да ги собере различните светски вкусови на едно место во Истамбул.
Овој настан е доста успешен во изминатите години и секоја година побудува огромен интерес кај познатите светски готвачи.
На фестивалот настапи и добро познатиот аранжер и готвач од Прилеп, Влатко Алексоски, кој во категоријата “резба” го освои златниот медал.
Креациите на Влатко се добро познати не само во Прилеп, туку и ширум Македонија, како и на повеќето натпревари на кои учествувал.
Неговите креации се вистинско совршенство кое плени сечиј поглед.