Прилепчанец се претставувал дека е вработен во МВР, па ветил вработување на велешанка – еве колку пари ѝ земал за услугата

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 35-годишниот Б.К. од Прилеп, за сторено кривично дело „измама”.

Пријавениот во текот на 2016 година, лажно се претставувал дека е вработен во МВР, во Управата за безбедност и контраразузнавање, при што измамил женско лице од Велес дека со негово посредство ќе и овозможи да биде зачленета во одредена политичка партија, а потоа поставена за координатор за град Велес, како и кандидат за пратеник во изборна единица, за што оштетената му дала 700.000 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.