Прилепчанец пукал со пиштол на прослава во манастир

Полициската станица Прилеп поднесе кривична пријава против маж од селото Kрушевица кој пукал со пиштол на прослава во манастир.

Се работи за 56-годишниот К.М. кој испукал пет куршуми во воздух.

Настанот се случил на 20 јули во дворот на манастирот „Света Недела“ во селото, каде се прославувал верскиот празник Света Недела.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.