Полицијата во денешниот билтен соопшти дека била пронајдена една неексплодирана артилериска граната 75мм од Првата светска војна.
Вчера во Полициската станица Прилеп, 61- годишниот М.В од Прилеп пријавил дека во населба Три багреми, од товарно возило, сопственост на „Батак Турс“, при истурање земја, била пронајдена една неексплодирана артилериска граната 75мм од Првата светска војна.
Од страна на стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната за понатамошна постапка.