Прилепските месари и касапи денеска го прославија светецот заштитник денот на раѓањето на Свети Јован Крстител, празникот Иванден

Според традицијата, претпладнево претставници на организацискиот одбор на месарите и касапите од Прилеп, присуствуваа на свечена литургија која што се одржа во црквата „Св. Преображение“.

_MG_3854

„Денешниот ден за нас касапите е голем ден и никогаш не го забораваме. Традицијата останала од пред многу години, денеска присуствуваме на литургија, а потоа и на заеднички ручек, информираа од организацискиот одбор.

_MG_3775

Овогодинешните домаќини посакаа многу здравје и среќа.

Градоначалникот Марјан Ристески кој присуствуваше на денешната утринска литургија по повод  Денот на касапите, им го честита празникот посакувајќи им многу повеќе работа во наредната година.

_MG_3791

_MG_3800

_MG_3809

„На сите православни христијани им го честитам денешниот празник, а на сите што го носат името на светителот, честит именден. Денеска во Прилеп се одбележува уште еден празник, а тоа е празникот на месарите и касапите од Прилеп, нека е за многу години и им посакувам многу повеќе работа во текот на оваа година“, посочи Ристески во својата изјава.

_MG_3879

_MG_3886

Денешната дружба заврши со свечен ручек каде касапите уживаат во заедничката дружба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.