Прилепските бербери и фризери го чествуваа денешниот денНа втор ден од големиот христијански празник Духовден, прилепските бербери и фризери го одбележаа празникот со света божествена литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“. Според Жарко Јованоски, претседател на прилепските фризери при Регионалната занаетчиска комора оваа манифестација традиционално се оддржува секоја година.
„Секоја година традоционално присуствуваме на света божествена литургија, потоа на Могилата на непобедените положуваме свежо цвеќе бидејќи имаме двајца првоборци партизани од нашиот еснав, бербери, им одаваме почит и продолжуваме со забава и дружење. На стариот домаќин му заблагодаруваме за успешната организација, а на новиот многу успех за наредната и сите да не следи здравје, среќа и успех„ , изјави Јованоски претседател на прилепските фризери при Регионалната занаетчиска комора.
На овој настан присуствуваше и градоначалникот Марјан Ристески кој на сите еснафи им го честита празникот и им поска многу здравје и успеси.
„Традиционално 70 години се прославува и оваа е еден битен сегмент за локалната економија во градот бидејќи имаме некаде околу 250 луѓе кои се занимаваат со оваа дејност, им го честитам празникот и им посакувам многу здравје и успеси“, посочи во својата изјава градоначалникот Марјан Ристески .
Новиот домаќин Виктор Дамески, го честита празникот и посака многу работа оваа година.
Ова убаво традиционално одбележување на овој верски празник ја симболизира сплотеноста на еснафот, ја потврдува неговата безрезервна поддршка на традицијата кон верата и православните обичаи.