Прилепскиот “ГОЛФ” ги собра сите аплаузи во Бугарија: Борче по втор пат успешно ја претстави Македонија (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

На деветтиот по ред “Volkswagen club Fest” кој се одржа на 17 и 18 март во “Интер Експо центарот” во Софија, oдличната Голф тројка на Борче Ацески од Прилеп, ја претстави Македонија во најдобро светло.

Ова е втор пат Борче да ја претставува државата и градот на ова реномирано изложување на автомобили.

Неговиот убавец ги шармираше присутните и изнуди голем број овации и пофалби.

Борче е познат љубител на “Голф”, а неговата пасија кон овој автомобил датира од поодамна.

Од старите голфови Борче креира вистински ѕверови.

Еве дел од изложение автомобили на познатиот “Volkswagen club Fest”:

За крај погледнете го целиот возен парк на прилепчанецот Борче Ацески:

Вљубеник во “Голф двојка” од Прилеп, прави чуда од своите 4 миленици – ГАЛЕРИЈА

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.