Во септември, во Р. Грција, традиционално се одржува Меѓународен младински театарски фестивал „Олимпија во Дион“, на кој учествуваат избрани претстави од повеќе земји во светот.
Прилепската гимназија “Mирче Ацев” аплицираше за учество на фестивалот со монологот „Лора“. Организаторот според однапред утврдени критериуми, ја прифати претставата и таа ќе учествува на оваа престижна културна манифестација.
Монологот „Лора“ содржи извадоци од истоимената драма, чиј автор е професорот по драмска уметност и англиски јазик Маринко Шлакески, кој воедно е и режисер на претставата.
Ученичката Марија Митреска го игра ликот на „Лора“, а за својот настап на француски јазик на меѓународниот театарски фестивал во Стара Загора – Р.Бугарија, доби Специјална награда за драмски лик.