Гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп мината учебна година беше вклучена во проектот “Digital Friendship” на eTwinning мрежата кој се реализра од јануари 2017 до мај 2017 год.
Во проектот беа вклучени 18 ученици од трета година под менторство на професорката по информатика Анкица Стеваноска Јанческа. Проектот опфати 220 ученици и 23 наставници од основни и средни училишта од Македонија, Хрватска, Србија, Португалија, Шпанија, Бугарија, Полска, Турција, Грција, Литванија, Романија, Германија и Ерменија.
Цели на проектот беа:
– комуникација меѓу ученици од различни земји со цел размена на идеи и сугестии за користење на различни дигитални апликации за презентација, видео, музика, слика и сл.
– споделување на дигитални ресурси ;
– подобрување на ИКТ вештини кај учениците;
– подобрување на англискиот јазик кај учениците,
– размена на информации меѓу учениците од цела Европа за нивните навики, култури и начин на живеење (виртуелно запознавање)
За успешно завршениот проект, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ доби знак за квалитет (Quality label) на eTwinning мрежата од централната и националната агенција за поддршка на eTwinning и Erasmus+, но исто така доби и признание од повисоко ниво – Европски знак за квалитет (European Quality Label) – со кој може да се аплицира за награда на eTwinning мрежата за 2018 год.
Исто така во рамките на “Move2Learn, Learn2Move” иницијативата организирана од Европската комисија за образование и финансирана од ERASMUS+ програмата, проектот “Digital Friendship” доби награда – патување во Загреб, Хрватска на учесниците во проектот со посета на партнер училиштето II Gimnazija, кое треба да се реализира од 08-11-2017 до 12-11-2017 год.