(Прилеп, 16.12.2017) – Прилепска Пиварница АД Прилеп од Црвениот крст на Република Македонија (ЦКРМ) доби „Посебно признание“ во знак на благодарност за поддршката во остварувањето на хуманитарните цели и задачи на организацијата. Признанието беше доделено во рамките на 8ми-от Партнерски состанок што се одржа на 13.12.2017 година во Црвениот крст, а на кој учествуваа претставници на корпоративниот сектор како и од Министерството за труд и социјална политика.
Важноста на корпоративната општествена одговорност и посветеноста на компаниите кон поддршка на функцијата и улогата што ја има Црвениот Крст беше истакната и од Секретарот на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити, а истата иницијатива беше поздравена и од министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.
Партнерскиот состанок, се организираше со цел да се промовираат хуманитарните вредности на ЦКРМ и за поттикнување на стратешки партнерства за надминување на проблемите со кои се соочува населението во заедниците.
Низ годините на својата работа Прилепска Пиварница има развиено голема поддршка и пријателство кон оние на кои им е потребна помош. Mногу пати досега со низа акции и донации ја докажа својата општествена одговорност. Меѓу другото, на манифестацијата „Различни, а еднакви“ таа доби и признание за општествена одговорност поради многубројните донации и посветеноста во намалувањето на разликите на лицата со посебни потреби и за подигање на јавната свест за нивните потреби и проблеми.