Oд утре, па до недела Прилеп одново, по јубилеен 15-ти пат ќе биде единствената дестинација кон која ќе водат сите патишта во државата.
Стартува фестивалот на скарата и пивото “Пиво Фест 2017”. Денеска фестивалската атмосфера веќе се чувствува во градот под “Марковите Кули”. Поставена е фестивалската сцена и штандовите. Програмата на овогодинешниот јубилеен фестивал ветува огромна забава, многу испиено пиво и изедена скара.
Повелете во Прилеп и наздравје!