Граѓанската иницијатива “Будење Прилеп” продолжува со собирање на потписи од граѓаните против Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 од Министерството за труд и социјална политика.
Потписи ќе се собираат секој ден, како и денеска, од 10 до 19 часот.
Прилепчани стравуваат од доселувањето на мигранти во нивниот град и изградбата на стамбени згради за домување на овие луѓе, па така вчера, во текот на привот ден од акцијата, на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” за само неколку часа беа собрани околу 1000 потписи.
Потписите од акцијата ќе бидат доставени до Советот на општина Прилеп.
Нацрт-Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 на Министерството за труд и социјална политика, изминатите недели предизвика лавина реакции и го крена гневот кај населението во повеќе општини кои директно се засегнати,
Според граѓанската иницијатива “Будење” доселувањето на мигранти во општините ќе значи:
-намалување на платите и евтина работна сила
-губење на работни места и нови отпуштања.
-наместо трошење на пари за изградба на училишта, градинки, паркови, игралишта, ќе се трошат пари на изградба на станови и куќи за мигрантите и пари за кирии.
-помалку пари за пензии и социјална помош.
-зголемување на криминалот и небезбедни градови.
-промена на составот на население и сликата на градовите.
А/Г/