Прилепчани одново масовно излегоа на протест, изразувајќи го својот револт против платформата за редефинирање на државата креирана во Тирана, против селективната правда во државата и двојните стандарди на западните земји, кои на зелена маса ја кројат судбината на Македонија.
“Ако за време на протестите на така наречената “шарена револиција” никој не сносеше последици, денес се апсат невини луѓе кои се обидоа да спречат пуч во својата држава”, порачаа граѓаните.
“Сне претрпеле многу, ќе го пребродиме и ова. Македонија мора да опстане, мора да се зачува посебноста на Македонците, јазикот, културата и националните симболи. Во Македонија не смее да се формира тиранска Влада, која ќе работи на разнебитување на државата”, беа дел од пораките на вечерашниот протест.
Мирно и достоинствено со црвено-жолти знамиња и патриотски извици, така помина и вечерашниот 75-ти по ред протест на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија” во градот под Марковите кули. Граѓаните достојни на својата кауза и порачуваат дека борбата за Македонија продолжува.
На вечерашниот марш во Прилеп, пред граѓаните се обрати ветеранот на прилепските бранители Марјан Михајлоски.