Годинава државниот празник 23 –ти Октомври Прилеп го одбележа скромно со положување на цвеќе на спoмен обележјата на личностите кои го дале својот живот за независна и суверена Р.Македонија. По повод одбележувањето на државниот празник 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегација од локалната самоуправа на општина Прилеп и претставници од политички партии положија свежо цвеќе пред споменикот на: Методија Андонов – Ченто, Пере Тошев и Ѓорче Петров, а една делегација се поклони и положи цвеќе на гробовите на Пере Тошев, кој се наоѓа во црквата Св.Благовештение и на гробот на Методија Патчев, во Кадино село.
При оваа пригода градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески го истакна знaчењето на овој празник за македонскиот народ и ја потенцира важноста од зачувувањето на интегритетот и суверенитетот на Р. Македонија.
Македонија годинава по 10 – ти пат го празнува 23-ти Октомври како државен празник. Празникот се празнува како ден кога 1893 година, Иван Хаџи Николов, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Хрсто Ботанџиев го формирале Македонскиот револуционерен комитет, од кој подоцна произлезегла Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО).
Организацијата се борела за ослободување на Македонија. Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење , кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа и преку НОВ резултираше со создавање на модерна самостојна македонска држава.