Прилеп: Брутално го претепеале, му го демолирале возилото, па го запалиле

Синоќа, во 3:30 часот во Полициска станица Прилеп 22-годишниот Л.П. од Прилеп пријавил дека истиот ден, околу 1 часот на улицата „Марксова“, бил нападнат од две непознати лица.

Имено, додека оштетениот заедно со негов другар со возило “Пежо 306“ се паркирале на посочената улица, во еден момент од позади му се доближило друго возило “Ауди А3“ од кое излегле две машки лица коишто му се обратиле на оштетениот.

Притоа едното од лицата, без никакво предупредување, го удрило Л.П. со тупаница по лицето, а потоа почнале да фрлаат лименки од пиво кон него. Л.П. се обидел да побегне, но во близина на бензиската „Макпетрол“ сторителите го стигнале и физички го нападнале, удирајќи го со тупаници.

По кратко време, оштетениот успеал да побегне, а сторителите се вратиле до нивното возило, извадиле еден клуч за тркала и една пумпа и со предметите почнале да го деморилират возилото на оштетениот.

Потоа едниот од сторителите влегол во “пежото“ и заминал со возилото кон автопатот за Битола. На околу километар од клучката, сторителот врз возилото истурило запалива течност, ја запалил, при што возилото “Пежо 306“ било целосно опожарено.

Пожарот бил изгаснат од страна на Територијална противпожарна заштита Прилеп.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.