Прилеп, Битола и Дојран порачаа до Заев и Владата дека немаат капацитети за населби за мигранти и бегалците

Битола, Прилеп и Дојран порачаа до Зоран Заев и Владата дека немаат капацитети за населби за мигранти и бегалците, тие побараа проекти за локалното население, за зголемување на животниот стандард и подобрување на условите за живот на населението.

 

Demir-Kapija-Kamp-za-begalci-640x341

Вчера ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, имаше изјава во врска со планот на СДСМ за населување на мигрантите во Македонија, при што ги запрашаа СДСМ дали е вистина дека во Прилеп треба да се градат 14 згради за сместување на мигранти.

„ Силно да ви нагласиме дека граѓаните на Македонија треба да се нашиот приоритет во вработувањето, социјалната заштита, домувањето, и во сите сегменти од животот. Ве прашуваме дали навистина во Прилеп треба да се градат 14 згради во кои ќе се сместат мигранти и бегалци од Сирија, Авганистан, Судан и Сомалија? “ Велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп бараат Владата на СДСМ да ја повлечи оваа несериозна стратегија која економски ќе ја крахирање на македонскиот систем и да ги пренамени средствата во Прилеп за граѓаните на Прилеп. Тие дополнуваат : „ Да им помогне на младите брачни двојки, социјално загрозените семејствата, без решено станбено прашање. Се надеваме дека со пренамена на сретствата ќе обезбедите повече места за дечињата за сместување во децките градинки ќе обезбедите повеќе работни места за граѓаните во Прилеп бидејќи сериозна држава треба да ги решава проблемите на граѓаните. Тоа треба да биде нивниот приоритет. “

– Владата на СДС по само кратко време на власт, наместо стратегии за вработување и програми за подобрување на животниот стандард на граѓаните, итност и првенство им дава на сите освен на граѓаните на Македонија, а тоа се покажува и со  Стратегијата за мигранти, странци и бегалци ‎‎(2017-2027). Оваа стратегија предвидува згради, населби, социјални станови, градинки, вработувања и олеснети државјанства за мигрантите со трошоци од државниот буџет на Македонија, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

Тие исто така истакнуваат дека стратегијата и акциониот план на владата на Заев и СДС, предвидуваат 71 проект, кои ќе се реализираат низ цела Македонија.  Според нив за мигрантите се предвидува: олеснето државјанство, домување изградба на згради, станови, куќи и цели населби, најмалку почеток на изградба на 100 згради во 2017 год, со 100 % покривање од буџетот на државата меѓу кои и изградба на згради и во Меџитлија, плус плаќање на кирии градинки, школарини, вработување, со кредити, заеми, фирми за бегалците.

Борче Стамов, градоначалникот на Дојран на својот фејсбук профил објави  слика од поранешното одмаралиште, близу Николиќ, дојранско, кое според акцискиот план на Владата на Заев треба да стане прифатен камп за мигранти.

– Одмаралиштето близу Николиќ, сопственост на Министерството за труд и социјала, согласно Стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година и Предлог-нацртот на Национален акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027, потенцијален дом на околу 500 мигранти. Одмаралиштето е со име “Титови пионери”, која иронија.

stamov-status640

Владината стратегија за беглаците е неостварлива, невладиниот сектор ќе ги потроши парите од фондовите наменети за имплементација, а земјава ќе остане преплавена со изманипулирани мигранти, реагираше професорката Солза Грчева на комисијата за труд и социјална политика наменета за дискусија по 10 годишната стратегија и акциски план за интеграција на бегалците.

Грчева потенцираше дека делови од стратегијата на Владата има за цел да обезбеди две години бесплатно домување, кредитирање на бизнис, квалификации за работа, формирање на компании во кој ќе работат, па дури и доделување на државјанство. Професорката прашува, како да ги проектираме овие европски вредности кога живееме балкански. Нотира дека во стратегијата и во акцискиот план нема колку ќе чини сето тоа по мигрант, колку ќе донира европската унија. Опасно е кога Владата се претвора во НВО и обратно, заклучува поранешната пратеничка.

Да се вклопи целата вест во текстот:

 

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.