Приведен еден од подметнувачите на пожарите во Прилеп – по тројца се трага

BeFunky Collage

Еден од предизвикувачите на пожарите во Прилеп е приведен, а по тројца се трага, откако вчера беше откриено дека причината за огнот околу манастирот Трескавец е човечки фактор.

Изминатите денови се водеше жестока битка со силниот пожар кој се закануваше да го загрози историското место за прилепчани.

Целата територијална противпожарна единица од Прилеп беше ангажирана за гаснење на пожарот, а во пресрет секојдневно излегуваа и голем број на доброволци.

Тројца граѓани беа задушени и со брза помош беа пренесени во прилепската општа болница, каде им се пружи медицинска помош.

Според  информациите Територијалната против пожарна единица Прилеп имала над 60 интервенции во последните неколку денови.

Пожарите  кај селата Слепче, Зрзе, Дрен Смолани и Никодин  се локализирани, а во прилепско Мариово, пожарот меѓу селата Крушеани и Бонче е ставен  под контрола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.