Претседателот на ОО СДС – Прилеп се офајди!?

Владата на СДСМ на Собранието на Македонски Телеком АД Скопје му предложи нови членови на Одборот на директори.

Владата за член го предложи Горан Трајковски кој истовремено е предложен да биди и Главен оперативен директор на друштвото.

Интересно е тоа што покрај Трајковски во предлозите на владата се најде и прилепчанецот Сашо Велески. Се работи за претседателот на општинскиот огранок на СДСМ во Прилеп, кој очигледно добро се офајде од “новиот живот”.

Во предлогот исто така се предлага Велески да биде именуван и како заменик претседател на Одборот на директори на ова друштво.

Покрај Велески кој долго време е претседател на ОО СДСМ Прилеп, во предлозите се најде и братот на Ермира Мехмети и истакнат член на така наречената “шарена револуција”, Замир Мехмети, кого владата го предлага како неизвршен независен член во одборот.

Граѓаните прашуваат со што токму Мехмети заслужил да дојде до таа функција, кои се критериумите за поставување на оваа функција?

Во еден стар број на „Вест“ може да се прочита целата сторија, за тоа како Ермира влетала во  “Зеф Љуш Марку“, врескајќи и заканувајќи и се на професорката со зборовите “Знаете вие која сум јас. Како смеете на брат ми да му ставите единица. Мора да му дадете двојка”.

Но, Замир не е единствениот кој си го најде патот кон вработување и висока плата. Владата на Заев до сега вработи еден куп така наречени “борци за права и слобода”, кои претходно пред граѓаните се претставуваа дека не ги интересира вработување или финансиска корист, туку се работи за државата и режимот мора да падне.

Откако “режимот” падна, активистите на “шарената револуција” и борците за демократија секојдневно се вработуваат во државните институции и претпријатија и ги полнат џебовите со високи државни примања.

Претходно на прес-конференција од 5-ти јули, ВМРО-ДПМНЕ извести дека: Новинарот Петрит Сарачини кој по потреба е и дел од невладината Цивил и МИМ институтот е советник во министерството за култура. Бојан Маричиќ од невладината за европско образование, сопруг на поранешната пратеничка Маринела Тушева, Дане Талески од институтот Прогрес, Марјан Забрчанец од МОФ. Сите тројца се вработени како високи советници на новиот Премиер Заев.

Бранимир Јовановиќ од Шарената Револуција беше вработен како нов советник во министерството за финансии.

Петар Арсовски пак, кој го напаѓаше проектот Скопје 2014-та исто така беше вработен во министерството за култура, заедно со Ѓунер Исмаил кој сакаше дислокација на спомениците.

 

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.