На денешното рочиште по предметот на СЈО „Тенк“, за набавка на Мерцедесот С600, дојде до пресврт во постапката.
Сведокот на СЈО кажа дека постапката за набавка на возилото била законска.
– Лично сметам дека по однос на работната комисија во која и јас бев член, запазени се сите постапки процедури и критериуми за време на јавната набавка на возилото Мерцедес С 600. Беше отворена единствената понуда која ги содржеше сите неопходни елементи, изготвен записник со предлог за набавка, кажа сведокот.
Претходно, на одбраната не и беше дозволено вкрстено испрашување.
Кацарска ја минираше одбраната, сите приговори на ЈО беа усвоени од страна на судијката. Така што, одбраната немаше можност да добие било каков одговор од сведокот.