Вчера во 10.00 часот во полициската станица Прилеп, М.Н. (44) од Прилеп пријавила дека на 16.05.2017 година околу 04.00 часот, додека спиела во нејзината соба, од куќата на нејзините родители слушнала неколку истрели, а на стаклото од прозорецот и на заштитната пластична ролетна имало неколку отвори со дијаметар од околу 2см.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полициската станица Прилеп.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.