Првото новороденче во Прилеп е девојче

Прилеп го доби и првиот жител во Новата 2018 година. Здраво, живо женско бебенце тешко 3230 грама се роди околу 20:00 часот синоќа на гинеколошкото одделение. Најголема радост за мајката Дијана Капкоска, но и за целиот персонал од гинеколошкото одделение од градската болница, кој што беше максимално подготвен за овој радосен чин.

„Се чувствувам прекрасно, радосна сум како мајка, а малата принцеза ќе се вика Дарија“, изјави мајката Дијана, држејќи го своето бебенце топло во прегратка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.