Пратеник од коалицијата на СДСМ против договорот со Грција

Професорот Ферид Мухиќ независен пратеник во редовите на СДСМ, при гостување во емисијата „60 минути“ на ТВ Алфа, рече дека е против наметнување на решение за името од страна на Грција.

Мухиќ смета дека договор со Грција ќе биде штетен за иднината на Македонија и дека тоа може да биде причина за уништување на македонскиот идентитет и држава.

Дури и ако договорот со Грција зависи од неговиот глас Мухиќ ќе биде против затоа што мисли дека тој е штетен.

Целото Интервјуто на пратеникот на владеачката коалиција ќе биде објавено на Алфа вечерва.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.