Почнува аплицирањето за земјоделски субвенции – еве до кога е рокот

111

очнува рокот за поднесување барања за директната финансиска поддршка во земјоделството, проектирана на вкупно 160 милиони евра, соопшти денеска ресорниот министер Љупчо Николовски.

Крајниот рок за доставување барања е 15 септември.

 

Сите заинтересирани земјоделци можат сами да аплицираат, електронски, преку Е-Барање поставено на страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а оние што не се во можност сами да креираат барање, најдоцна до 30 август годинава треба да побараат техничка поддршка од Подрачната единица на Министерството за да можат да го запазат рокот за аплицирање.

Како што објасни Николовски, за помош околу аплицирањето земјоделците можат да ги користат и услугите на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.

– Апелирам до земјоделците, да го испочитуваат рокот за аплицирање, за да може поднесените барања навреме да се обработат и субвенциите да се исплатат согласно предвидениот распоред во текот на годината кој е усогласен со типот на земјоделското производство, рече министерот.

Барањата се поднесуваат по електронски пат без доставување документи, врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанста и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни. Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели, пред подесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.

– Постапката за поднесување барање за директни плаќања е иста како и претходната година, напомена Николовски и додаде дека на сите огласни табли на Подрачните единици на Министерството за земјоделство, од денеска на видно место ќе биде истакнато соопштение со сите потребни информации аплицирање.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.