Анок Јаи (19) студентка од Плимут во Њју Хемпшир, стана интернет сензација откако некој случајно ја фотографирал на некој настан во Вашингтон.
Фотографот сликите ги објавил на својот Инстаграм профил.
“Мобилниот не ми престана да вибрира цел ден”, се сетила Јаи на моментот кога сфатила дека нејзината фотографија “украла” толку големо внимание.
Девојката во 2000 година се доселила со своето семејство од Египет. Студира биохемија, а манекенството одсекогаш и било далечен сон.
Веќе сега после оваа фотографија добила понуда од неколку агенции, а за кратко време собрала 38 илјади пријатели на Инстаграм
А/Г/