Поради оваа грешка, оние кои одат да ги спасат луѓето што се дават, го губат животот заедно со нив

Davljenje-utopljenik-620x350

Сведоци сме дека секоја година многу луѓе го губат животот давејќи се во базени, реки, езера или мориња. Сите кои се нашле во таква ситуација, треба да знаат дека не е ни малку безопасно и поради тоа мора да се придржуваат на правилата при спасување.

Вадењето на давениците од вода е многу опасна и тешка постапка за која спасувачите имаат посебни обуки. Познато е дека давеникот употребува огромна сила во тие моменти и неконтролирано однесување поради хипоксија на мозокот.

– Ако сте немале посебна обука или не сте сигурни во себе, не му приоѓајте на давениците, бидејќи и вие ќе станете жртва. Постојат повеќе методи  на спасување, кои зависат од местото на кое се случува несреќата.

За време на спасувањето и пружењето на помош на давеникот, треба строго да се држите до упатствата. Спасувачот мора да внимава да не се доведе и себе во опасност.

– Во отворена вода на давеникот му се приоѓа со чамец или даска. Ако пак мора да се плива до него, спасувачот треба со себе да понесе и појас за спасување, елек или нешто што на давеникот може да му послужи како потпора – објаснува Углеша Миљевиќ од Асоцијацијата за спасување во вода, за српски “Телеграф”.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.