Полицајци во Рим наишле на сцена која ќе ви го скрши срцето:

Кога полицијата добила пријава за плачење и викање во Рим минатиот вторник, очекувале дека ќе наидат на некој криминал.

Но, она што го откриле ќе ви го скрши срцето.

Четворицата полицајци отишле во станот на 84 годишната Џоле и нејзиниот 94 годишен сопруг Мичеле и не пронашле никаков криминал, туку двајца старци кои гледале телевизија.

Џоле го прашала нејзиниот сопруг зошто постои толку омраза на вестите и започнала да плачи. Плачела толку силно, што соседите повикале полиција.

Парот, кој е заедно речиси 70 години, се чувствувале осамено, и им рекле на полицајците дека немале посетител со години.

Полицајците им подготвиле паста и седнале да ги подружат.

Полицијата на Рим ја објави целата сторија на својата Фејсбук страна, а истата за кратко време стана вирална.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.