Полицаец донел пијано момче до дома и си направил селфи

Момче од Тасманија имало незаборавна вечер со многу алкохол, па дома пристигнало со полициска придружба.

police-1

Но, приказната не завршува тука. Имено, откако го сместил момчето во креветот, полицаецот направил селфи со неговиот телефон.

Пијаното момче не се сеќава на целиот настан, но „доказот“ го пронашло следниот ден во телефонот.

Изненаден и воодушевен тој фотографијата ја објавил на социјалните мрежи.

Истото го сторила и полицијата, порачувајќи им на луѓето кои излегуваат на забава да си испланираат враќање дома пред да се опијанат.

– Луѓето треба да се држат заедно и да внимаваат едни на други кога излегуваат или кога се враќаат дома, стои во описот на фотографијата на полицијата.

Иако не е нивна должност да ги носат дома пијаните жители, полицајците наведуваат дека се подготвени да им помогнат на луѓето во алкохолизирана состојба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.