24-годишната девојка од Неготино која е можеби единствениот наш спортски амбасадор во женскиот фудбал, освен тоа што е одлична на теренот, важи за огромен промотор на Македонија.
Наташа Андонова од јуни 2017 година е дел од ѕвездениот тим на Барселона, а таму пристигна од ПСЖ.
Неодамна Андонова во стилот на Шаќири постигна гол од корнер, на дуелот со Валенсија и предизвика еуфорија кај целата фудбалска јавност.
Денеска скромното наше македонско девојче докажа уште еднаш зошто вреди да се зборува за неа.
Во само 5 минути за клубската страна на Барселона, Андонова направи бесценета промоција на нашата земја.
Наташа зворува за убавините на Македонија, за познатите празници, културно-историски места, храната….