Екипата на Вардар е нов европски првак откако вчера во Келн во финалето на ракометната Лига на шампиони, го совлада Пари Сен Жермен со 24:23. Според информациите до кои доаѓа Курир, ракометарите на Вардар утре во 11 часот ќе слетаат на скопскиот аеродром.
Како што заслужуваат, македонските фанови ќе ги пречекаат рамкометарите на Вардар утре- кога ќе слетаат на аеродром и ќе ги придружуваат сѐ до плоштадот Македонија.
Ова синоќа го потврди и градскиот татко Коце Трајановски.
-Град Скопје во вторник ќе го организира пречекот на нашите шампиони. Да ги дочекаме достоинствено, напиша на својот ФБ профил Трајановски.