Познати најуспешните жени менаџерки во Македонија – меѓу нив и од Прилеп

Познати се овогодинешните 10 најуспешни менаџерки во Македонија.

Тие ќе бидат прогласени на годинашниот 22. избор на Топ 10 најуспешни што го организира агенцијата „Марили“ на 29-ти овој месец. Пенка Мукаетова од Интел консталтинг груп, Лидија Таскова „ЕСП“, Горица Дачевска ПЗУ „Др. Горица Дачевска“, Ирена Кузмановска „Комфи Ангел“, Јана Јанеска-Ристеска Центар за современа ликовна уметност, Елена Таковска „Фармаген“, Слаѓана Стаменкова „Елит Травел“, Александра Аргир од „Скопска пивара“ и Магдалена Трајковска-Трпевска генерален менаџер во Технолаб и Наташа Стојковска од „Витаминка“ се овогодинешните топ десет менаџерки кои ќе го добијат признанието.

Изборот се прави од жени менаџерки од приватниот сектор. За да бидат дел од Топ 10-те најуспешни, треба тие да се добро прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени, треба да бидат од различни области и дејности.

Досега се избрани 220 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а по повод 20 годишнината од организирање на изборот беа избрани 20 најуспеши менаџерки.

Покрај традиционалниот избор на 10-те најуспешни жени менаџерки, „Марили“ годинава по четврти пат го организира и Денот на здравјето.

Генералната менаџерка на „Марили“ Лидија Трипуноска, вели дека годинава фокусот ќе биде ставен на тематскиот ден за здравјето и убавината во функција на соверемената жена.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.