Познат идентитетот на прилепчанецот кој се обеси во притвор

На 08.01.2018 година во 10.30 часот во Полициската станица Прилеп, од страна на вработен во Казнено – поправната установа „Затвор-Прилеп“ било пријавено дека во една од ќелиите на притворското одделение бил пронајден починат Р.Н. (32) од Прилеп, кој издржувал мерка притвор.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

-Според извори на Досие, никој не забележал дека момчето може да посегне по животот, бил со неколкумина цимери во собата. Изутринава кога биле пуштени притворениците на прошетка во дворот, само момчето не излегло. Кога се вратиле цимерите го нашле обесен. Се обиделе да помогнат, но веќе било доцна, објави вчера порталот Досие.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.