Девојката на своето момче му припреми сендвич со посебна состојка, а тоа е тарантула. Сендвичот сам по себе беше доста лут, а тарантулата најверојатно го зачини вкусот.
Доколку сакате луто, тогаш сендвич со феферонки и лут чили сос звучи совршено. Доколку сакате сендвич со пајаци, тогаш сендвич со тарантула звучи генијално. Даниел од Велика Британија изеде сендвич во кој имаше тарантула, но не по своја волја.
Неговата девојка Кирсти му стави делови од тарантула во сендвичот и може да се каже дека го шокираше. Откако сфати што изел поврати, додека неговата девојка продолжи да ужива во своето смеење. Инаку т.н. зебри тарантули можат да се јадат.
Се чини дека некои луѓе љубовта ја изразуваат на посебен начин.