Синоќа Победа го ангажираше десеттото засилување во зимскиот преоден рок, кој завршува на 11-тти февруари.
Нов член на црвено-белите е долгогодишниот член на белградските црно-бели Стефан Грбовиќ.
Станува збор за млад 23-годишен дефанзивец кој настапува на позицијата десен бек и штопер, а кој во Прилеп доаѓа од српскиот прволигаш Телеоптик.
Тоа е клуб кој е филијала на белградски Партизан, каде црно белите ги праќаат на калење сите свои талентирани фудбалери.
Грбовиќ, кој е роден во Крагуевац, од 10-годишна возраст е член на Партизан, каде ги минал сите селекции на црно-белите а има повеќе настапи за младите селекции на Србија.
Со неговиот ангажман се очекува тренерот Бубања да добие квалитет повеќе на десната дефанзивна странична линија и на цврстина и сигурност во одбранбената формација на Победа.
Грбовиќ утре ќе го има свфојот прв тренинг со соиграчите – од 11 часот на теренот на Могила.