Победа ита кон втората фудбалска лига

Уште едно очајно издание на прилепска Победа денес во дуелот против фенерџиите ФК Скопје. Со минималниот пораз од последниот на табелата Победа е се поблиску до Втората македонска лига, отколку до опстанок во првата.

Скопје е директен конкурент за опстанок во лигата, па затоа денес не смееше да се помисли на ништо друго освен на 3 бода. Разочарувањето е уште поголемо ако се земе во предвид тоа дека ФК Победа доведе 11 засилувања на крајот од првата полу-сезона.

Крајот на првенството се приближува, а опстанокот е се понеизвесен. Победашите не смеат да си дозволат повеќе грешки.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.