По вчерашниот пораз од Работнички, втор на свој терен, а вкупно трет во 6-те кола од почетокот на сезоната на Првата лига прекината е соработката на ФК Победа и досегашниот шеф на Стручниот штаб Зоран Штерјовски. Лошите резултати и само 5-те освоени бодови беа причина Штерјовски да понуди оставка која од клупското раководство е прифатена, а денес е реализиран и формалниот дел околу раскинот а договорот.
За ден-два се очекува да биде назначен негов наследник, откако раководството ќе пресече по разговорите со повеќе тренери кои се во тек. Денешниот претпладневен тренинг на екипата го водеа помшниците Вршкоски и Кебакоски.