Победа го осигура потписот на својот најголем талент: Лука Трајкоски го потпиша својот прв професионален договор

19396616_1233383410106051_5394651544420963896_n

Вчера попладнето во клупските простории, професионален договор со Победа потпиша најмладиот првотимец Лука Трајкоски. Тој е стандарден член на младата репрезентација на Македонија до 17 години, на селекторот Добринко Илиевски. Трајкоски во февруари наполни 17 години, a иако сеуште пионер во претходниот шампионат забележа 11 настапи за првиот тим на прилепскиот прволигаш. Станува збор за еден од најголемите, ако не и најголемиот талент на прилепскиот фудбал последниве години во чиј потенцијал и квалитети Победа гледа голема перспектива.

19397159_1233383416772717_3782025624810225486_n
-Како млад фудбалер среќен сум што потпишав професионален договор со мојот матичен клуб. Останува во иднина да се залагам и работам уште повеќе за да напредувам во мојата играчка кариера. Во следното првенство очекувам поголема минутажа, а со моите игри, пристапот и залагање ветувам дека ќе ја оправдам довербата која ми е укажана да бидам најмлад професионалец во клубот.


На потпишувањето на договорот присуствуваше претседателот на Победа Гоце Ингилизов кој му честиташе на Трајкоски на потпишаниот професионален договор, посакувајќи му многу успех во неговата кариера како во Победа така и во репрезентативните селекции.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.