Вчера попладне со првата прозивка и тестирањето на теренот на “Могила”, фудбалерите на Победа ги започнаа подготовките за новата натпреварувачка сезона. Шефот на Стручниот штаб Зоран Штерјовски во свето кратко обраќање го образложи планот на подготовките и им посака здравје, среќа и успех на фудбалерите, а пред своите соиграчи првпат во новата улога и како спортски директор се обрати Александар Крстески. На првиот собир главни присутни, најголем дел од играчите кои натапуваа во минатогодишната сезона.
Официјално засега клубот го напуштија: Валентин Колески, Даниел Котески, Даниел Талески, Милан Војводиќ, Никола Тошески, Звездан Џорџиловиќ и Благојче Коњарски.
Од новајлиите присутни беа засега двајцата договорени Борче Маневски и повратникот Нове Ацески, додека на првиот тим приклучени се и младите Петар Петроски, Дарко Ангелески и Христијан Цветаноски.
Од друга страна на проба се повеќе играчи: 23-годишниот репрезентативен штопер од азербејџански Азал Турал Хумбатов, 21-годишниот бразилски крилен напаѓач Ериксон Гонзалвес кој доаѓа од хрватски Меџумурје, 21-годишниот централен везен хрват Габриел Миоч од Сесвете, 21-годишниот интернационалец од Хаити Еуген Пеине, младиот 19 –годишен крилен напаѓач Александар Најдоски, син на поранешниот фудбалер на Победа и Вардар Спасе Најдоски, кој до пролетва настапуваше за младинците на Вардар и членот на неколку третолигашки екипи од регионов Мартин Мечев.
Според планот на подготовки екипата останува во Прилеп до 13-ти јули. Во оваа базична фаза, кога комбиирано ќе се работи на терен и во теретана, а планиран е и еден тест натпревар.
Потоа експедицијата се сели на 10-дневни подготвки во Банско Бугарија, каде во план се 4 тест натпревари. По враќањето во Прилеп ќе се работи на воигрување на тимот, а веќе е договорен тест натпревар со косовскиот прволигаш Лирија на 26-ти јули во Охрид.
Неофицијално, според информациите од ФФМ, првенството на Првата лига ќе започне на 13-ти август.