Откако беше најавен масовен протест поради продолжување на притворот за Едмонд Темелко, градоначалникот ќе излезе од Шутка.
Тој според најавите утре излегува од истражниот затвор во Шуто Оризари.
Откако Кривичниот суд му го продолжи притворот за нови 30 дена, кривичен совет ја преиначил одлуката и донел поблага мерка или куќен притвор за Едмонд Темелко.
По Темелко се трагаше откако СЈО бараше притвор, а на 26 септември, сам се предаде на полицијата.
Неговите роднини велат дека лошата здравствена состојба може да заврши со фатални последици за неговото здравје.
Дополнително на тоа информираа дека не му е дозволено да користи здравствена заштита, што е спротивно на сите универзални права. Иако до македонските судовии беа доставени и соодветни лекарски докази, тие одбиваа да му овозможат користење на потребната здравствена нега.
Најавата за протест:
По одлуката за продолжување на притворот на Едмонд Темелко и одлуката на судот за назначување на нов 30 дневен притвор, ВМРО-ДПМНЕ вечерва повикa на протестен собир кој би започнал во 19 часот пред Владата на Република Македонија.
Едмонд Темелко е со нарушено здравје и според многумина продолжувањето на притворот може да биде фатално по неговиот живот. За ВМРО-ДПМНЕ одлуката за притвор е резултат на политички притисоци и нема никаков основ за продолжување на притворот кој преминува во казна наместо мерка за обезбедување на осомничениот.
ВМРО-ДПМНЕ ги повика своите членови, како и сите граѓани и граѓански организации да ја изразат својата поддршка за Едмонд Темелко вечер во 19 часот на собир кој би започнал пред Владата, од каде луѓето би се упатиле пред судот.