Припадниците на сириската војска заробиле одреден број британски војници за време на воената операција во подрачјето на источна Гута, пренесува агенцијата “Ел Mајадин”.
Се смета дека заробените војници планирале да извршат копнен напад на сириската престолнина Дамаск, во соработка со САД.
Во извештајот до медиумите се наведува дека САД и другите членки на НАТО сојузот, вкучувајќи ги и Јордан и Израел, планирале да извршат напад од неколку фронтови, но дека планот пропаднал поради брзото напредување на сириските вооружени сили за време на минатиот месец.
“Откако што е откриена заверата, командантите на сириските и руските воени сили започнаа со операција во источна Гута, со цел да ги одбијат нападите”, изјавиле неименувани извори за “Ел Мајадин” и агенцијата “Фарс”.