Пијана прифатила да го облече тоа што и го купила нејзината мајка за Божиќ, а потоа и паднал мрак врз очи (ВИДЕО)

Линдзи Бауерс минатата недела и ветила на нејзината мајка дека за божиќниот ручек ќе го облече поклонот што и го купила без разлика за што се работи. Меѓутоа, кога го отворила поклонот и видела што мора да стави на себе, и паднал мрак врз очите.

ТВ продуцентката од Лондон признава дека била малку пијана кога и го дала тоа ветување на својата мајка и дека тоа и се удрило од глава, а својот нов урнебесен фустан го објавила преку видео на Твитер.

Нејзината мајка и купила син фустан кој околу вратот и рамената има некаква врста чипка, додека, но тоа не е најлошото.

На дното од фустанот има пејсажи од Дедо Мраз со ирваси кои влечат санки. Сите се сложиле дека фустанот е целосен промашај.

Погледнете го изразот на Линдзи:

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.