Во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека вчера на улицата „Павел Шатев“ (задна капија на МВР), полициски службеник додека вршел редовна служба го забележал 52-годишниот А.Д. од Скопје во видно алкохолизирана состојба како се движи кон министерството со секира во рацете. Според информациите на МВР, А.Д. со секирата удрил три пати во железната барикада кај министерството.
Откако полицискиот службеник побарал да се легитимира, лицето му рекло дека си ги бара децата и сакал да пријави настан по што ја фрлил секирата веднаш до оградата.
Лицето е приведено во Полициската станица Центар, а полицијата работи на расчистување на случајот.