Пијан и гол Македонец тепал полицајци во Грција

Грчкото МВР денеска извести дека 30-годишен скопјанец е осуден на 20 месеци затвор кој под дејство на алкохол нападнал тројца полицајци на Родос, пренесе Прототема.

grccc-640x288

 

Нашинецот пред судските органи во Грција изјавил дека поради големото количество алкохолот што го испил не бил свесен што направил.

– Инцидентот се случил на 17 овој месец на плоштадот Еврејски маченици во стариот дел на градот Родос. Откако се опијанил, македонскиот државјанин се соблекол гол и легнал на една од кафеанските маси. Кога пристигнале полицајците, го замолиле да се облече, но тој ги нападнал со предмети кои му биле при рака, поради што припадниците на грчкото МВР морале да го уапсат и да го однесат во најблиската станица – изјави Акис Димитријадис, портпарол на судот за прекршоци на Родос




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.