,,Пејзажи на душата” e тематската изложба од уметникот Стефан Хаџи Николов што ќе биде отворена во петок 9 јуни 2017 од 19.30 часот во ликовната галерија на ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп во рамките на 52 издание на МТФ ,,Војдан Чернодрински”.
На 67-та самостојна изложба во Прилеп Стефан Хаџи Николов, добитник на бројни награди и признанија, се претставува со 30 нефигуративни дела.
– Сликајќи ја природата на начин како таа остава впечаток на мојата душa, последните години ги насликав делата што ќе ги видат љубителите на уметноста во Прилеп – вели Стефан Хаџи Николов.