Повеќе од 5.000 американски војници ќе учествуваат во воената вежба во балтичкиот регион, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на крајот од состанокот со лидерите на Литванија, Летонија и Естонија.
“Повеќе од 5.000 американски војници ќе им се придружат на мултинационалните сили во военaта вежба “Сајбер страјк”, кои ќе бидат најголемите вежби од таков карактер во овој регион”, пишува во соопштението од Белата куќа.
Претходно Белата куќа соопшти дека САД ќе им достави на балтичките држави воена помош во вредност од 170 милиони долари. Тоа би требало да ги зајакне вооружените сили на Естонија, Летонија и Литванија.
Евгениј Серебреников прв заменик шеф на Воениот комитет на Русија, рекол дека Русија ќе преземе возвратни мерки поради американската иницијатива за ги зајакне војските на балтичките држави.
“Русија направи многу да ги зајакне своите сили на западната граница. Меѓутоа, последната американска одлука ќе доведе до тоа Русија да преземе возвратни мерки во сферата на безбедноста и одбраната”, рекол Серебреников.