Кога се работи за Пелагонија, помислата на луѓето и стварноста често се разидуваат. Суштината на Пелагонија се многу бои, мириси, вкусови и најважно од се, многу приказни. Приказни кои содржат традиција, чиста природа, култура, забава. Една од нив се вика Hike & Ride а за Вас ја спакува и раскажа Туринг Македонија.
Hike & Ride е дводневна авантура која љубопитните авантуристи ќе ги поведе на јавање маловишки коњи, посета на чудотворниот манастирски комплекс Св. Ана и планинарење со професионален водич низ Националниот Парк Пелистер. Селото Маловишта, вгнездено на 1.100 н.в. е ехо на минатите времиња. Уникатно по својата градска архитектура, големата катедрална црква, сокаците поплочени со природен камен, ова село својата изолираност ја претвора во предност и на посетителите им нуди никогаш видено доживување.
Манастирот Св. Ана над село Маловишта се посетува јавајќи низ илјадагодишна шума на некој од славните маловишки коњи. Поради своето чудотворство, Св. Ана претставува култно место не само за локалниот народ, туку и пошироко. Овде, во дворот на новоизградениот конак, уживањето во македонски традиционален оброк е во друштво на мирот и тишината на недопрената природа. Десертот е резервиран за пчеларникот БН во село Дихово, каде се дегустираат домашен мед и медни производи.
Вториот ден од приказната е резервиран за планинарење низ Националниот Парк Пелистер предводени од професионален водич. За време на планинарењето се искачува врвот Ветерница на 2.240 н.в. од каде се ужива во најдобриот поглед од Баба Планина: Олимп, Преспанското Езеро, Галичица, Јабланица и Пелагониските полиња. Кулминација на планинарењето секако е посетата на Големо Езеро, најубавото ледничко езеро во Македонија. Овде, хранејќи го духот со сензорни наслади, потрошената енергија најдобро се надополнува со македонска традиционална закуска – домашно ѓомлезе.
Сега секој може да го открие скриеното богатство на Пелагонија и да ужива.