Патник со погрешна карта направил хаос на 10.000 метри висина: Авионот летал 4 часа, но не стигнал на крајната дестинација

Авион на јапонската компанија “Ол Нипон ервејз” (АНА) кој тргнал од Лос Анџелес за Токио се вратил назад во САД поради патник со карта од погрешна компанија во авионот, пренесува “АП”.

Се наведува дека во авионот кој полетал од Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, не стигнал на крајната дестинација, односно Меѓународниот аеродром во Токио.

“АП” наведува дека американската манекенка Криси Тајген, која била во авионот, на Твитер објавила дека авионот се вратил назад по 4 часа летање.

Таа напишала дека на патниците им било кажано дека некој влегол во авионот со карта на “Јунајтед Ерлајнс”, како и дека полицијата разговарала со патниците кои седеле до таа личност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.