Koмпанијата “Смартдувет” произведе паметен јорган кој самиот се затегнува и ја регулира температурата, така да купувачите не мораат веќе да се отскриваат во текот на ноќта кога им е жешко, или да го крадат покривачот од нивниот партнер кога им е ладно.
Јорганот е поврзан со контролор преку кој се регулира температурата. Интересно е што истовремено може едната половина да ја грее, а другата да ја лади.
Од компанијата тврдат дека нивниот јорган не е само добар поради удобноста туку и поради намалување на потењето и спречување на размножувањето на бактерии. “Смартдувет бриз” е еколошки производ .
Не е познато кога овој паметен јорган ќе се најде на светскиот пазар, но неговата цена би изнесувала 359 американски долари.
А.Г.