Силното невреме кое вчера попладнето го зафати југо-западниот дел од државата направи пустош во прилепско.
Фотографиите кои ги добивме од наш читател се од селото Сенокос општина Долнени, кое е оддалечено само 11 километри од Прилеп.
Невремето кое било проследено со обилен град и силен ветер целосно го уништи тутунот од погорните берби, кој за населението е највреден и достигнува највисока прва класа.
На тутунопроизводителите во ова населено место им е потреба помош, затоа што токму овие берби го носат повеќе од половина од годишниот приход, кој го заработуваат преку тутунопроизводство.
Дали министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе излезе на терен и ќе ги посети овие за него непознати краишта, останува да видиме.
Ако се има во предвид дека оваа година е една од најмачните за земјоделците во Македонија и е година во која сите производители крпат крај со крај, за тутунопроизводителите од овој крај нема многу надеж.
Погледнете што остави зад себе невремето:
А/Г/